fbpx

Ципрас оптимист по првата официјална посета на Брисел

-

По Рим и по Берлин, грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска застана во Брисел, каде се сретна со тројцата лидери на европските институции: претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Кусо обраќање до медиумите имаше веднаш по средбата со Шулц, но не сакаше да одговори на новинарски прашања.

Двајцата го изразија својот оптимизам за заеднички прифатливо решение помеѓу институциите на ЕУ и новата грчка влада, околу прашањето за грчкиот долг и за неговото реструктуирање.

– Знам дека историјата на ЕУ е историја на несогласувања, но, на крајот на денот, и на компромиси. Имаме волја да работиме во тој правец за заедничко прифатливо решение и за заедничка иднина, подготвени сме да разговараме, имаме свои цели, а тие се суверенитетот на грчкиот народ и мандатот на народот. Ние ги почитуваме правилата на ЕУ, но сакаме да ја коригираме рамката и сметаме дека можеме да најдеме прифатливо решение за нашите народи во тие рамки – изјави Ципрас.

Мартин Шулц оцени дека начинот на кој Ципрас ги посетува сите европски престолнини и институции откако беше избран е доказ дека тој се бори за дијалог и за конструктивно решение. Шулц порача дека сега е време тие што имаат пари и што ги изнеле надвор од државата да придонесат за решение затоа што обичните грчки граѓани последниве години ги плаќаа сметките.

Ципрас и неговата победничка СИРИЗА сметаат дека мерките на штедење, какви што се наметнати од страна на европските институции и на ММФ, се неодржливи. Тие сметаат дека „тројката“ (Европска комисија, Европска централна банка и ММФ) е нелегитимна за преговорите околу грчкиот долг и бараат нејзино распуштање. Ципрас бара пофлексибилен пристап кон Грција од страна на нејзините позајмувачи, кој би оставил простор за враќање на економскиот пораст паралелно со исплаќањето на долговите.

Пред неколку дена претседателот на САД, Барак Обама, во интервју за „Си-Ен-Ен“, изрази поддршка за ова барање на СИРИЗА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...