fbpx

Ципрас: Неопходно е ЕУ да испрати јасна порака до државите од Западен Балкан

-

Европската Унија мора да им потврди на државите од Западен Балкан дека сè уште се грижи за нивната интеграција во европското семејство, истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас, по завршувањето на самитот на ЕУ.

Грчкиот премиер на прес-конференцијата по самитот посочи дека е неопходно ЕУ да испрати јасна порака до државите од Западен Балкан, но и да побара од нив да ги следат европските вредности за демократско однесување и политичка култура.

– Треба да им дадеме сигнал, порака на државите од Западен Балкан дека за ЕУ е особено важно интегрирањето на овие земји во Унијата и, секако, да се поттикнат реформи, да се покаже демократска политичка култура – рече грчкиот премиер.

Ципрас изразил голема загриженост за случувањата во државите од Западен Балкан и рекол дека Грција ја поддржува одлуката за засилување на улогата на ЕУ во секторите безбедност и одбрана за спречување на можната дестабилизација на регионот.

– Во однос на Западен Балкан, ја нагласив нашата голема загриженост за развојот на настаните во регионот, регион со многу тешка историја. Мојата загриженост доаѓа од порастот на национализмот, меѓуетничките тензии, политичките кризи, политичката дестабилизација, но и од засилувањето на организираниот криминал и влијанието од трети држави – забележа Ципрас.

Според грчкиот премиер, Грција останува столб на мирот, стабилноста и на безбедноста на Балканот и ќе продолжи да одржува отворен канал на дијалог и на соработка со сите соседни држави, но и истовремено ќе ги заштитува меѓународното право и нејзината сувереност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...