fbpx

Ципрас: Нема да има трет меморандум за штедење, ниту нови намалувања на платите и отпуштања

-

Грчките реформи и европските барања се повторно во судир на работните состаноци на техничките групи и на претставниците на грчката влада и на европските институции. Според информациите во Грција, преговорите на бриселската група викендов се одвиваат во затегната клима, без да има позитивен или попустлив став кон грчките предлози за реформи.

Разговорите се оценуваат како тешки и европските претставници не ги прифаќаат предложените детални реформи, со барања дека се потребни уште подетални и построги реформи.

Токму поради ваквата атмосфера, за вечерва е закажана вонредна седница на грчката влада во грчкиот парламент.

Грчката влада се надева на зелено светло за нејзините предлози, според кои државата ќе постигне примарен суфицит 1,5 отсто од БДП.

Независно од затегнатоста која постои во преговорите со техничките групи, премиерот Алексис Ципрас и понатаму ветува дека нема да се прифати ниедна мерка што ќе биде на штета и на товар на граѓаните.

– Нема да има намалувања на плати и на пензии или масовни отпуштања или која било друга рецесивна мерка што ќе доведе до интензивирање на социјалната криза. Нема човек во Европа денес кој смета дека финансискиот проблем на Грција ќе се реши ако дополнително ги намалиме пензиите или почнеме масовно да отпуштаме – истакна Цирас во интервју за весникот „Риал њуз“ (Real News).

Грчкиот премиер е дециден дека Грција нема да има потреба од трет меморандум за штедење, ниту од нов заем. Според него, новиот договор со ЕУ ќе ги измени условите за плаќање на долгот, а и ќе помогне да биде намален грчкиот долг.

Во однос на приватизациите кои се клучно барање на Брисел, Ципрас вели дека тие на разговараат за приватизација туку за развојни конзорциуми со зголемено учество на државата.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...