fbpx

Ципрас ќе ја види Меркел во Берлин, Груевски, можеби, во Брисел

-

Македонскиот премиер Никола Груевски можеби ќе присуствува на самитот на шефови на држави, на влади и на опозициски партии на Европската народна партија (ЕПП), што ќе се одржи на 19 и на 20 март во Брисел.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател, Никола Груевски, се членки на ЕПП. Од партијата не успеавме да добиеме информација дали Груевски ќе присуствува на самитот во Брисел на кој, пак, сигурно ќе учествува и германската канцеларка Ангела Меркел.

Европската народна партија е најголемата и највлијателната партија на европско ниво во која членуваат 78 партии од 40 земји и претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија.

Од друга страна, како што е веќе познато, Меркел в понеделник во Берлин ќе има тет-а-тет средба со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, околу кризата во односите меѓу двете земји.

Грчкиот весник „Катимерини“ денеска објави дека официјална Атина почнала разговори со Скопје за мерки за зголемување на довербата меѓу двете земји, како и паралелни преговори за спротот за името, надвор од ОН. Целата оваа ситуација во Македонија покрена лавина од шпекулации за можната посредничка улога на Германија во спорот околу името.

Неофицијални извори, сепак, демантираат дека има каква било поврзаност на двете средби,  со тоа што средбата Груевски – Меркел задутре не е ниту извесна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...