fbpx

Ципрас брза новиот договор да помине во парламентот до крајот на неделата

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас брза пред 15 август да се изгласа новиот пакет мерки. Грчката влада се надева дека до утре ќе се постигне договор околу конечниот текст за мерките и обврските за новиот грчки кредит меѓу Атина и Брисел. Договорот Ципрас планира експресно да го однесе пред грчкото собрание веќе од среда за да се изгласа в четврток, 13 август.

Ципрас со овие чекори прави преседан и неделата околу 15 август која вообичаено е недела за одмор на грчкото собрание и на политичарите поради празникот Богородица, кој важи за еден од најважните во Грција, ја прави работно најинтензивна досега во историјата на грчката политика. Според информациите, Ципрас има упатено наредба до сите министри и пратеници да бидат во Атина и на готовс за да се гласа договорот до крајот на неделата.

Од грчката влада коментираат дека преговорите се одвиваат позитивно и без проблеми. Во текот на денешниот ден, министерот за финансии Евклидис Цакалотос со претставниците на „тројката“ ќе треба да ги „испегла“ последните детали за договорот околу неповратните даноци, новиот Фонд за приватизација, како и прашања поврзани со работничките права и со енергетските проблеми. Конечниот договор кој ќе треба да се гласа во собранието ќе содржи два члена и тоа членот за кредитниот договор со Европскиот механизам за спас во висина од околу 52 милијарди евра, а вториот неопходните мерки за исплаќање на првата рата од кредитот во висина од 25 милијарди евра.

Она што се шушка во Атина е дека Ципрас со брзото гласање на мерките се подготвува за итни избори или во текот на септември или во ноември.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...