fbpx

Ципрас: Атмосферата на ручекот беше многу добра, речиси како на свадба

-

Климата беше многу добра на ручекот со Заев, речиси како на свадба, бил коментарот на Алексис Ципрас за ручекот на двете владини делегации и на еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан, како и претставничката на Генералниот секретар на ОН, Розмари ди Карло, што вчера се одржа во Отешево, веднаш по потпишувањето на Спогодбата за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција, јавува дописничката на МИА од Атина.

Инаку, странските гости, кои заедно со претставниците на македонската влада од Псарадес пристигнаа со два глисера, беа пречекани во хотелот „Лејквју“ во Отешево со леб и сол. Како што извести ТВ „24“, на ручекот кој траеше вкупно околу два часа, на хотелската тераса се служеле рибина чорба од преспански крап, ѓомлезе, пинџур, свинско филе, бифтек, а за десерт е послужена баклава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...