fbpx

Циглер: Третата светска војна веќе е во тек

-

Советникот на Советот за човекови права на ОН, Жан Циглер во интервју за виенскиот весник „Курир“ изјави дека третата светска војна е во тек.

Тој укажа дека минатата година, 54 милиони лица загинале во војна, умреле од глад, загадена вода или од епидемии. Вели дека живееме под светска диктатура на глобалниот финансиски капитал.

– Олигарсите на 500 најголеми концерни контролираат 52,8 отсто од светскиот бруто-домашен производ. Тоа е моќ која ја нема ниту еден крал, цар, ниту папа. Концерните не се под државна контрола и следат само една стратегија – максимален профит. Денес во САД милијардерите буквално се на власт – вели Циглер.

Тој вели дека и покрај парцијалниот напредок во намалување на жртвите на сиромаштијата, се уште, една милијарда луѓе се постојано изложени на глад, што е последица, на како што вели, канибалскиот светски поредок.

Во однос на Доналд Трамп и неговите најави за намалување на учеството во меѓународните организации, Циглер предупреди дека САД се најголем донатор на ОН, со 26 отсто од вкупниот буџет, односно кај мировните мисии учествува обезбедувајќи 60 отсто од средствата.

– Ако Трамп гo намали финансиското учество, ОН ќе биде парализиран – вели Циглер.

Истовремено, тој изрази уверување дека Трамп нема да биде четири години на претседателската функција во САД, оценувајќи дека Трамп ќе има психијатриски проблеми или пак притисокот ќе биде толку голем што повеќе нема да може да владее.

Според Циглер, можни варијанти се поднесувањето оставка или изгласување недоверба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....