Премиерот Зоран Заев заедно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и државниот секретар на Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, одржаа билатерални и пленарна средба со своите колеги од Словенија предводени од премиерот Миро Церар.
Заев истакнал дека исклучително е важнa економската соработка помеѓу двете земји како и меѓусебното пријателство и поддршката што Македонија ја има од Словенија во ЕУ и НАТО интеграциите.
Премиерот на Словенија, Миро Церар нагласил дека може да се подобрат економските односи на Македонија и Словенија и дека постои потенцијал за интензивирање на соработката.
Церар истакнал дека Словенија ги поддржува аспирациите на Македонија во ЕУ и НАТО и понудил конкретна помош и асистенција за овие процеси, во оваа фаза или во фазата на пристапните разговори со ЕУ.