fbpx

Централното претседателство на ДУИ поделено, некои за, некои против излегување од владата

-

Централното претседателство на ДУИ сè уште ја разгледува опцијата партијата да излезе од владата, за да има избор на нова влада и да се деблокира институционалната криза. Во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица попладнево почна седницата на централното претседателство, кое го свика партискиот лидер, Али Ахмети.

Портпраролот на партијата, Бујар Османи, за време на одржување на седницата, ја потврди оваа информација, додавајќи дека некои членови на партијата се против напуштањето на владата.

– Има некои членови на ДУИ кои се за оваа одлука, за да има избор на нова влада,  а има некои кои се против, затоа што сметаат дека и покрај оставките, министрите ќе си функционираат, затоа што ќе нема кој да им ги констатира оставките, бидејќи нема функционално Собрание. Да истакнам дека една третина од министрите од владата се од ДУИ, а тоа значи паѓање на влада, но тие остануваат на функција министри, не излегуваат од владата. Дебатата сè уште трае. ДУИ не е за предвремени избори, бараме да се најде решени да излеземе од оваа ситуација, а за тоа консултиравме правни експерти да кажат кои се начините – рече портпаролот Османи.

Тој истакна дека централното претседателство на ДУИ ќе расправа и за пролонгираниот процес околу одржувањето на локалните избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...