fbpx

„Централ Азија металс“ е нов сопственик на рудникот „Саса“

-

Компанијата „Централ Азија металс“ (Central Asia Metals PLC) е нов сопственик на рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица, откако на Лондонската берза денеска беше завршена постапката за купување на 100 отсто од „Линкс ресорсис лимитед“, поранешниот сопственик на рудникот.

Компанијата „Центарл Азија металс“, чие седиште е во Лондон, Велика Британија, ја купи „Линкс ресорсис лимитед“ за 402, 5 милиони американски долари. Претходно, компанијата доби одобрение за аквизицијата од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија. Аквизицијата е извршена според правилата на Лондонската берза, на која котира „Централ Азија металс“.

„Централ Азија металс“ е компанија која поседува 100 проценти од операцијата за бакар „Коунрад“ и 80 проценти од концесијата за истражување на бакар во Шаук, и двете во Казахстан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...