fbpx

Центарот на Тетово блокиран од паркирани возила

-

Жители од центарот на Тетово реагираа поради хаосот со паркирањето во нивните населби. Според нив, поради недостиг од слободни места за паркирање во рамки на зоната А, голем број возила се паркираат покрај нивните домови.

– Автомобилите нема каде да се паркираат и на крај луѓето ги оставаат пред нашите домови, на тротоари и на улици. Поради ваквиот начин на паркирање тука се создава голем хаос, целосно се блокира сообраќајот, не можеме да излеземе со нашите возила ниту, пак, до тука може да пристигнат возила на итната помош – вели жител на улицата ЈНА во Тетово.

За проблемот со паркирањето во градот, денеска преку прес-конфереција реагираа од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

– Градоначалничке Теута Арифи, Вашата одлука да се воведе зонско паркирање требаше да го реши сообраќајниот хаос, но, напротив. Дали знаете што сторивте со оваа одлука? Сегашната состојба е далеку полоша од претходно. Бараме итно да седнете на маса со своите соработници и сериозно да почнете со решавање на овој проблем – изјави Милена Илиевска од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

Од Јавното претпријатие „Градски паркинг“ при Општина Тетово велат дека се очекува да се воведе зонско паркирање и на делови од неколку улици и булевари во Тетово. На тој начин, ќе се зголеми бројот на места за паркирање и ќе се ублажи проблемот со недостиг од паркиралишта.

„Ние подготвивме урбанистичко решение за проширување на зонското паркирање на делови од булеварите Благоја Тоска и Илинденска и на делови од улиците Страшо Пинџур и Тодор Циповски-Мерџан. Но, за да го спроведеме ова решение во практика, ни треба одобрение од Секторот за внатрешни работи Тетово, до каде сме поднеле барање“, велат од Јавното претпријатие „Градски паркинг“ Тетово.

Од СВР Тетово соопштија дека најверојатно за десетина дена ќе одговорат позитивно на барањето на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...