fbpx

Цените во домашната економија годишно намалени за 0,3 отсто

-

Податоците за инфлацијата заклучно со декември покажуваат дека годишното намалување на општото ниво на цените во домашната економија e во просек за 0,3 отсто, пишува во најновиот извештај на Народна банка.

– Во услови кога и цените на храната и базичната инфлација, во просек за целата година, бележат пораст, намалувањето на цените е последица на падот на цените на енергијата. Остварувањата се нешто под проекциите, а очекувањата за пониски светски цени на енергијата и на прехранбените производи, упатуваат на надолни ризици за проекцијата за инфлацијата за следниот период – пишува во извештајот на Народна банка.

Во него се додава и дека честите промени во очекувањата за цените на примарните производи упатуваат на значителна неизвесност околу идното движење на овие производи и голема можност за ненадејни промени кај овие категории.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.