fbpx

Цените на индустриските производи пониски на месечно, а повисоки на годишно ниво

-

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се пониски за 1 процент на месечно ниво, а повисоки за 0,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јули, во споредба со истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто, интермедијарни производи, освен енергија, за 1 процент, додека во групата трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

За истиот период, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 7,5 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,8 проценти, енергија за 1,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...