Целосно изгоре куќа во струмичко Дукатино поради неисправен оџак


       
Струмица, 28 јануари, 2018 - 12:57 (META) 

Во пожар вчера целосно изгорела куќа во селото Дукатино, Струмичко, сопственост на 34-годишниот З.Р., соопшти полицијата.

Пожарот избувнал вчера ноќ, околу 2.20 часот, а бил изгаснат од територијалната противпожарна бригада.

Во пожарот нема повредени лица.

Увид на местото извршиле екипи од Секторот за внатрешни работи Струмица и од Дирекцијата за заштита и спасување.

Според полицијата, пожарот избувнал поради неисправен оџак поставен помеѓу детската и спалната соба.