fbpx

Цеден сок од портокал со вода зачинета со арсен

-

„Здравјето е избор“ е насловот на кампањата на Владата што веќе половина месец се спроведува и треба да ги мотивира граѓаните да се хранат здраво, но со ова не се согласуваат жителите на Гевгелија, кои сè уште пијат вода загадена со арсен.  Граѓанската иницијатива „Арсена“, која постојано апелира за опасноста од присуството на арсен во градскиот водовод, бара гевгеличани да бидат субвенционирани со пакувана вода за пиење.

– Колку здраво можеме да се храниме ако ручекот го правиме со загадена вода. Водата е штетна, но немаме што друго да правиме. Немаме услови да купуваме амбалажирана вода – велат жителите.

Моментално во Гевгелија се затворени два бунари за вода, а за почетокот на идната година планирана е изградба на четири нови бунари кои ќе бидат направени покрај Вардар и во кои нема да има присуство на аресен.

– Елаборатот е направен, треба да се избере само уште изведувач и од наредната година да почнат да се копаат новите бунари. Досега успеавме да го доведеме присуството на арсен од 12 микрограми, а според стандардите на Европска Унија, треба да го намалиме за уште два проценти. Мислам дека поголемиот дел од граѓаните пијат вода од градскиот водовод, освен децата во градинките кои се најранлива категорија и добиваат амбалажирана вода. И јас пијам вода од чешма – вели Љупчо Алексовски, од кабинетот на градоначалникот на општината Гевгелија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...