fbpx

Царовска: Започна уплатата за првите 4.926 оштетени пензиски осигуреници

-

Започна првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пениски столб. Со првата уплата се опфатени 4.926 осигуреници и истата треба да заврши до крајот на месецот, соопшти министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Уплатите за другите осигуреници ќе се случуваат во наредните месеци и треба да завршат до средината на годината, со што сите 12.000 осигуреници ќе бидат целосно обесштетени. За оваа намена Владата обезбеди 19 милиони евра од државниот буџет. Согласно со новата законска регулатива, исто така во тек е трансферот на 11.319 членови од вториот кон првиот пензиски столб.

Обештетувањето на осигурениците и сите други мерки предвидени со пензиската реформа беа тема на работниот состанок на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорите на ПИОМ, МАПАС и приватните пензиски друштва.

-Засега реформата тече според предвидената динамика, без никакви потешкотии при спроведувањето. Во измината година докажавме дека пензиите растат и тоа ќе биде случај и оваа година. Пензионерите може да бидат апсолутно спокојни. Реформата која ја правиме е избалансирана, до неа дојдовме преку темелни анализи грижејќи се да не оштетиме никого. Со неа го намалуваме дефицитот во ПИОМ за две милијарди годишно, но без радикални мерки како замрзување на пензии или покачување на старосната граница – изјави министерката Царовска по состанокот.

Министерството за труд и социјална политика вчера до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против непознат сторител за скандалот со неуплатените придонеси. Со кривичната пријава е поднесена и документација од темелната анализа на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...