fbpx

Царовска: Во буџетот предвидени се повеќе пари за градинките и минималната плата

-

Предлог-буџетот на Министерство за труд и социјална политика e околу 700 милиони евра и е со највисок износ од сите владини ресори, а најголемиот дел од средствата одат директно кај граѓаните, рече денеска на прес-конференција, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

На презентацијата на предлог-буџетот, таа додаде дека повеќе пари се наменети за детски градинки и минимална плата, а укинати се нерационалните трошоци. МТСП ќе се фокусира на подобрување на опфатот на деца во детските градинки и подобрување на просторните и кадровски капацитети.

– Буџетот е дизајниран за поддршка на социјално загрозените категории, за инклузија и за помош на ранливите групи на граѓани. Имено, над 120 илјади граѓани се корисници на социјални надоместоци во износ од 8 милијарди денари. Тоа се средства наменети за правата од социјална заштита, детска заштита, цивилни инвалиди, борци и воени инвалиди итн – рече Царовска.

МТСП за активните мерки за вработување, предвидува околу 16 милиони евра, а за финансиска поддршка на фирмите, за исплата на минимална плата, планирани се 7.500.000 евра.

Министерката Царовска нагласи дека, во буџетот за идната година се намалени нерационалните трошоци за репрезентација во министерството и намалени се или укинати надоместоците за учество во комисии и работни групи, кои во изминатите години биле неоправдано високи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...