fbpx

Царовска: Сите 25 деца од „25 Мај“ од денеска живеат во мали групни домови

-

Сите 25 деца од Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“ од денеска ќе живеат во мали групни домови, информираат од Министерство за труд и социјална политика.

На тој начин, како што информираат од МТСП, продолжува процест на деинституционализација и големите и нехумани институции за неколку години ќе бидат заменети со грижа во заедницата.

– Подготвена е нова програма за работа со овие деца, постоечкиот кадар помина низ практична обука, а се обезбедија и нови 18 вработувања. Целосно ги прилагодуваме условите согласно потребите на оние за кои треба да се грижиме, наместо да ги прилагодуваме луѓето на системот. Посветено работиме за обезбедување еднакви можности, хумани и достоинствени услови за раст и развој за децата сместени во институциите. Деинституционализацијата е трајно решение во оваа насока – рече министерката Мила Царовска на отворањето на еден од домовите.

Претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс изјави дека за жал, секогаш ќе има ситуации кога не е можно, не е безбедно, или не е во најдобар интерес на детето да живее со своeто биолошко семејство.

– Грижата во згрижувачко семејство е најдобрата алтернатива на големата институција, но семејното опкружување, исто така, може да се добие во мал групeн дом каде децата го добиваат чувството на припадност, стабилност и поддршка што им е потребно. Да не заборавиме и на возрасните во институциите – тие исто така заслужуваат живот во заедницата. Сите агенции на Обедините нации во земјата се посветени на поддршка на деинституционализацијата за сите деца и возрасни кои живеат во институции да можат да го уживаат своето право на достоинствен живот – додаде Перкс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...