!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Царовска: Нема да има кратење на пензиите, годишно ќе се зголемат за 2.160 денари


       
Скопје, 18 август, 2017 - 14:06 (META) 

Секој пензионер, согласно законот за пензии и членот од законот за усогласување со порастот на трошоци за живот и порастот на плати, ќе добива по 180 денари секој месец, од јануари до декември, или за 2017 година ќе добие вкупно 2.160 денари, изјави денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Таа рече дека ова право на пензионерите нема да им биде скратено.

– Во 2016 година пензионерите едонкратно добија 630 денари зашто усогласувањата кои се правеа двапати годишно, ВМРО-ДПМНЕ ги скрати. На крајот на секоја година ќе ја процениме кондицијата на буџетот и ќе обезбедиме дополнително зголемување на пензиите ако тоа го дозволува државната каса – рече Царовска.