fbpx

Царовска: Ќе побараме стан за семејството со трите деца што настрадаа во пожар

-

На семејството чии три деца минатата седмица загинаа во пожар во нивниот субстандарден дом во Велес, социјалните работници му нуделе сместување под кирија уште пред да се случи трагедијата, но, одбивало. Дали постои евентуален пропуст во нивната работа, испитува социјална испекција која во петокот и денеска е во велешкиот Центар, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа рече дека имала средба со родителите на починатите деца кои, како што рече, добиле еднократна парична помош и поддршка. Тие ја информирале министерката дека пред две три години кога биле доделувани социјални станови, тие не добиле на користење таков стан, а пак бил доделен стан на лица што биле станбено обезбедени.

– Тие сакаат државен стан. Им ветив дека заеднички ќе поднесеме барање до Комисијата за државни станови да разгледаме дали во Велес има постоечки стан или друг објект во кој тие натаму можат да бидат сместени. Во државата нема станови кои можат да бидат доделени на ниту едно лице, така ниту ним, туку да можат во него да живеат- рече Царовска одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата на која беше презентиран Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација.

Во новиот текст на Законот за првпат сексуалната ориентација и родовиот идентитет се воведуваат како основи за дискриминација. Во поимникот се вметнуваат нови термини, меѓу кои „лице со попреченост“, „соодветно приспособување“ и „пристапност до инфраструктурата, добрата и услугите“. Понатаму, се додава нов облик на дискриминација – сегрегацијата, како и „инструкцијата” за дискриминација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...