!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Трудо до Заев: Го очекуваме денот кога ќе ви посакаме добредојде во НАТО


       
Скопје, 13 септември, 2017 - 9:51 (META) 

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, упатил писмо со честитки за изборот за премиер на Зоран Заев во кое изразува надеж за плодна соработка во иднина, соопшти владината прес-служба.

„Сигурен сум дека ќе продолжите да ја водите Вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на Вашата земја, кон светла иднина заснована на најавените реформи, на европските аспирации и на заложбите за регионална стабилност. Канада и понатаму продолжува со поддршката на амбициите на Македонија за членство во НАТО и го очекуваме денот кога ќе ви посакаме добредојде во алијансата“, стои во писмото од Трудо.

Тој му посака на македонскиот премиер да успее да ја оствари владината програма и изрази надеж за соработка за остварување на заеднички приоритети на двете земји.