fbpx

Трошоците за живот во септември намалени за 0,2 отсто во однос на лани

-

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,2 отсто во септември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на другите неспомнати прехранбени производи за 1,5 отсто, замрзнатиот зеленчук за 0,7 отсто, конзервираната риба за 0,5 отсто, свежото млеко за 0,3 отсто и тестенините за 0,2 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците за животот е забележано кај авионскиот превоз на патници за 14,7 проценти, услугите за сместување за 14,4 проценти, течните горива за домаќинствата за 7,1 отсто, течните горива и мазива за 6,9 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 6,3 отсто, лековите за 2 проценти, средствата за чистење и за одржување на станот за 1,2 отсто, резервните делови и опрема за сопствен превоз за 0,8 отсто, накитот и часовниците за 0,6 отсто и велосипедите
за 0,2 отсто.

Пораст на индексот на трошоците за живот во септември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот зеленчук за 2,6 проценти, маслото и маснотиите за 1,6 отсто, сувото овошје и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,8 отсто, свежото овошје за 0,5 отсто, јајцата и конзервираниот зеленчук за 0,3 отсто и кај месото за 0,2 отсто.

Исто така, пораст на индексот на трошоците за живот во септември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај болничките услуги за 3,2 проценти, информатичката опрема за 2,4 проценти, гасот за домаќинствата и малите електрични апарати за 1,7 отсто, услугите за одржување и за поправки на станот за 0,7 отсто, алатите за одржување куќа и градина, услугите за култура и средствата за лична хигиена за 0,6 отсто, цврстите горива, средствата за пишување и услугите за лична хигиена за 0,5 отсто, текстилот за домаќинствата и исхраната во рестораните за 0,4 отсто, обувките и материјалите за одржување и за поправки на станот за 0,3 отсто, облеката, големите електрични апарати и пијалакот во рестораните за 0,2 отсто.

Индексот на трошоците за живот во септември 2015 година, во споредба со септември 2014 година, бележи намалување за 0,2 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1,1 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...