fbpx

Тропската бура Нејт пустоши низ Централна Америка

-

Тропската бура Нејт однесе најмалку 22 живота во Централна Америка, додека илјадници лица се раселени поради обилните врнежи, соопштија властите.

Бурата корне дрвја, а патиштата се претворени во реки.

Најмногу жртви има во Никарагва, каде 11 лица загинаа, а седум се водат како исчезнати според наводите на потпретседателката на државата, Росарио Мурилјо.

Таа додаде дека околу 800 лица се евакуирани, а 600 домови се поплавени, додека 14 заедници се изолирани поради дождот кој со денови не запира.

Властите на Костарика соопштија дека осум лица загинале во свлечиште и од паѓање на дрвја, меѓу кои и тригодишно девојче.

Најмалку 17 лица се водат како исчезнати.

Костарика прогласи вонредна состојба, а повеќе од 5.000 луѓе се наоѓаат во засолниште откако биле принудени да ги напуштат своите домови. Издадено е предупредување за можни заталкани крокодили.

Некои платформи за вадење нафта и гас во Мексиканскиот Залив исто така биле евакуирани во налетот на бурата.

Додека Нејт пристигне до Мексиканскиот Залив, се очекува да прерасне во ураган.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...