Најмалку три лица се убиени во пукање пред базен во градот Сполдинг, во централниот дел на Англија, пренесуваат британските медиуми. Засега нема наводи дека станува збор за терористички напад.
Како што пишува весникот „Мирор“, се претпоставува дека една од жртвите е и напаѓачот.
На местото, бргу по инцидентот, пристигнале брзата помош и полициски возила и хеликоптер.
„Во моментов се наоѓаме на местото на инцидентот, во близина на базенот на улицата Пинчбек во Сполдинг, откако во девет часот беше дојавено дека едно лице е повредено при пукотница“, рече портпаролот на полицијата.