fbpx

Тројца загинати полицајци во престрелките во Куманово, акцијата е при крај

-

Тројца припадници на безбедносните органи загинале во престрелките во полициската акција во Куманово која е при крај и се претресуваат последните куќи во регионот на Диво Насеље.

Оваа информација ја пренесуваат медиумите од Куманово, но за неа сè уште нема официјална потврда.

Според истите неофицијални извори, повредени се уште десетина лица, а наводно на полицијата ѝ се предале 30-тина терористи.

Во меѓувреме, жителите на Диво Насеље во Куманово се евакуираа, а во населбата повремено се слушаа пукотници.

Приодот до населбата беше затворен, освен за полициски и за возила на Брза помош.

Во Клиничкиот центар во Скопје, каде е забранет влезот за медиумите, донесени се 17 повредени со хеликоптери и со амбулантни возила.

Вооружени полицајци ги чуваа влезовите на хируршките клиники.

Акцијата во Куманово е преземена заради разбивање поголема добро вооружена и обучена терористичка група, која планирала напади на државни институции, рече помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски, на денешната вонредна прес-конференција.

– По добиени оперативни сознанија, утрово почна акција за разбивање на поголема терористичка група, која планирала напади на државни институции. Групата влегла илегално од една соседна држава и преку свои поддржувачи се засолнила. Надлежните служби при МВР успеаја да ги лоцираат во куќи во кумановското Диво Насеље. Станува збор за добро вооружена и обучена група за борба во вакви услови. Врз основа на претходните информации, подготвен е план за постапување и беше формиран штаб кој ги координира активностите на терен. Утрово, околу 5 часот, специјалните единици почнаа со реализација, при што наидоа на жесток напад од автоматско оружје, бомби и на снајперски оган. На нападот е одговорено исклучително внимателно и соодветно на ситуацијата. Поради специфичниот терен – куќи и тесни улички – полицијата напредува тактички и врши претреси во околните куќи – рече Котевски.

Со реакции и со повик за трезвено реагирање и за неподгревање на страстите, излегоа амбасадата на САД, Делегацијата на Европската унија, ОБСЕ, руското МНР и речиси сите политички партии во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...