fbpx

Тројца велешани нападнале полициски службеник

-

Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против С.П. (24), И.П. (22) и И.С. (22), тројцата од охридското село Велмеј, кои ги товари за спречување службено лице во вршење службено дејство и за напад на службено лице при вршење работи од безбедноста.

На 19 мај, тројцата пријавени извршиле физички напад врз полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид.

При контрола на патничко моторно возило „опел вектра“ со охридски регистарски таблички, пријавениот С.П. одбил да ги покаже возачките документи по што, брзо и со видливо агресивно однесување, излегол од возилото.

Веднаш по него излегле и двајцата други пријавени, кои биле во автомобилот. Во истиот момент С.П. физички го нападнал полицискиот службеник, задавајќи му неколку удари со раце и со нозе по телото. Во нападот се вклучиле и двајцата пријавени кои на ист начин физички го нападнале полицискиот службеник.

Тројцата напаѓачи биле приведени и лишени од слобода и по брза постапка, предадени на Основното јавно обвинителство во Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...