fbpx

Тројца работници се затруле со јаглерод моноксид во РЕК – Битола

-

Тројца работници се повредени во несреќа што денеска се случила во РЕК – Битола. Како што дознаваме, работниците биле ангажирани на ремонт на првиот блок на РЕК – Битола, односно заварувале цевковод.

Според извори од битолската полиција, тројцата работници вдишале јаглерод моноксид и во состојба на безсознание се пренесени во Клиничката болница во Битола.

Настанот го потврди портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, која повеќе детали за случајот најави за подоцна.

Стаматова засега само потврдува дека тројцата работници се надвор од животна опасност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...