Полицијата викендов разговарала со тројца осомничени учесници во насилствата во Собранието на 27 април, од кои едно лице што само се пријавило во полициска станица по враќање од странство е во притвор, а другите двајца се пуштени на слобода и за нив ќе има поднесоци.
Според соопштението, по прегледувањето на видеозаписите, СВР Скопје ги повикало на разговор Д.С. (39) од Скопје и А.Б. (60) од Тетово, по што биле ослободени, а МВР ќе достави поднесоци за нив до Јавното обвинителство.
Во саботата во 20.50 часот во полициска станица се пријавил Н.М. (34) од Скопје, против кого е поднесена кривична пријава. Тој бил задржан во станицата, а потоа ноќта во неделата е однесен во притвор во затворот во Шуто Оризари.
СВР Скопје известува дека работи на расчистување на случајот и на идентификување и на други учесници во насилствата во Собранието.