fbpx

Тројца нови директори во здравството, разрешени голем број економски менаџери

-

Министерството за здравство информираше дека се именувани тројца нови директори на здравствени установи. Нов директор на Геронтолошкиот завод е Салија Љатиф, на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле е Ангелчо Андоновски, а Филип Гучев е новиот прв човек на Универзитетската клиника за ревматологија. На првата функција во Психијатриската болница Бардовци и понатаму ќе биде досегашниот директор, Ќамиљ Ковачи.

Исто така, разрешени се економските директори во Клиничката болница Тетово, во Клиничката болница Штип и на универзитетските клиники за радиотерапија и онкологија, за кардиологија, за кардиохирургија, за клиничка биохемија, за неврохирургија, за дигестивна хирургија, за пластична хирургија, за торакална и васкуларна хирургија, за гастроентерохепатологија и на Универзитетска клиника ТОАРИЛУЦ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвини дека СДСМ и министерот Таравари преку именувањето директори на клиники прават фамилијарни бизнис-шеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...