fbpx

Тројца бомбаши самоубијци се разнеле на „Ататурк“

-

Најмалку 28 лица загинаа, а 60 се повредени откако тројца бомбаши самоубијци се разнесоа на најголемиот истанбулски аеродром „Ататурк“.

Васип Шахин, гувернерот на Истанбул, за телевизискиот канал НТВ изјави дека 28 лица загинале и оти властите веруваат дека нападот го извршиле тројца бомбаши, бидејќи на аеродромот одекнале три одделни експлозии.

Друг турски претставник, за британскиот весник „Гардијан“ соопшти дека осомничените се разнеле пред контролниот пункт, на влезот на меѓународниот терминал, откако полицијата отворила оган на нив.

Портпаролот на истанбулската полиција соопшти дека „бомба експлодирала на аеродромот и има многу жртви“, но оти точниот број не се знае.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг најостро го осуди нападот, додавајќи дека поседува информации за терористичката група која стои зад нападот, но оти во моментот не може да открие повеќе информации.

Портпаролот на полицијата соопшти дека едно лице, „најверојатно терорист“, отворило оган на обезбедувањето пред аеродромот, за да пристапи до меѓународниот терминал, пред да ја детонира бомбата.
Очевидци за „Си-ен-ен Турк“ соопштија дека слушнале истрели од возило на паркиралиштето на аеродромот.

Полицијата го забрани пристапот до аеродромот, а одередени летови се пренасочени од Истанбул кон други аеродроми во Турција. Државната телевизија ТРТ соопшти дека патниците безбедно се евакуираат.

„Стотици патници во моментов го напуштаат аеродромот. Некои велат дека повеќе од два часа биле заробени на аеродромот“, напиша на „Твитер“ Џаред Малсин, дописникот на „Тајм“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва свика итна средба со премиерот Бинали Јилдим и со воените команданти.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, а турските власти издадоа забрана да се известува за нападот. Турските медиуми јавуваат дека авионскиот сообраќај е целосно сопрен, а полицијата ги блокира сите патишта кои водат кон и од аеродромот.

Ова е трет бомбашки напад на Истанбул од почетокот на годинава. Кон почетокот на месецов, бомбаш самоубиец се разнесе во автомобил во централната истанбулска област Везнецилер. Одговорноста за тој напад ја презедоа радикалните курдски милитанти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...