fbpx

Тројца бегалци починале од студ во кампот Морија на Лезбос

-

Бегалец утринава е пронајден мртoв во кампот Морија на Лезбос. Станува збор за момче на возраст меѓу 18 и 20 години, најверојатно од Пакистан, кое починало од премрзнување.

Момчето е трета жртва од студот во бегалскиот камп Морија во Грција. Викендов од студ почина и 46-годишен бегалец од Сирија, а на 24 јануари од премрзнување почина и 20-годишно момче од Египет, кое, исто така, престојуваше во бегалскиот камп на Лезбос.

На Лезбос има повеќе од 5.000 бегалци, што го прави остров на кој се згрижени најголем број бегалци и мигранти од сите други грчки острови.

Според информациите на локалните медиуми, во Морија владее вознемиреност меѓу бегалците и постои страв од демонстрации поради смртта на тројцата бегалци.

Дел од бегалските кампови низ Грција имаат соодветни услови за престој, но дел од нив немаат соодветно греење и бегалците едвај преживуваат на ниската зимска температура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...