fbpx

Триесетина компании понудиле решенија за изградба на ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“

-

По неколку неуспешни обиди да се најде концесионер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“, генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, верува дека овојпат се блиску до решение, бидејќи биле сменети условите и пристапот во распишувањето на тендерот.

Имено, на сите потенцијални концесионери им била дадена слобода самите да предложат технички решенија за изградба.

Како што информираше Мицкоски при посетата на ХЕЦ „Тиквеш“, 30 компании дале 14 предлози како технички решенија, кои ги разгледува реномираната германска компанија „Фихнер“ и која до крајот на јуни треба да се произнесе за тоа кое од овие решенија е најсоодветно.

– Втората фаза која сега ЕЛЕМ ја спроведува е да изработиме студија за оправданост која ќе даде одговор дали овие пристигнати технички решенија се соодветни и можат целосно да го искористат потенцијалот на горното течение на реката Црна, каде што е предвидена изградбата на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ – изјави Мицкоски.

Свои технички решенија понудиле две домашни компании, една швајцарска, која, според Мицкоски, пројавила сериозен интерес, како и компании од Турција, Грција, Русија и еден италијанско-француски конзорциум.

Според него, целокупното производство на електрична енергија која ќе се добива од овие две хидроцентрали ќе биде понудено на слободниот пазар, со ќе може да се постигне поголема цена од регулираната.

– Суштината е овој проект да заживее, а ние да добиеме неколку стотини гигават-часови произведена електрична енергија повеќе во производственото портфолио на Македонија – додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...