Триесетгодишна девојка пронајдена мртва во тоалет на трговски центар во Скопје


       
Скопје, 2 февруари, 2018 - 11:28 (META) 

Триесет годишна девојка синоќа била пронајдена мртва во тоалетите на трговски центар во Скопје, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, вечера околу 19.30 часот во Единицата за информирање и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземјето од објектот, било пронајдено починато женско лице.

Смрт констатирала екипа на Итната медицинска помош и било утврдено дека станува збор за лицето А.М. (30) од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција.