fbpx

Триесет загинати е последниот биланс од пожарот во Лондон

-

Најмалку 30 лица загинаа во пожарот што завчера изби во 27-катница во Лондон. Полицијата соопшти дека нема знаци дека пожарот намерно бил предизвикан.

Пожарот изби еден час по полноќ, а 200 пожарникари со 40 противпожарни возила се обидуваа да го згаснат.

Командантот на полицијата, Стјуард Канди, соопшти дека 24 лица се хоспитализирани, од кои 14 се во критична состојба. Британските медиуми јавуваат дека бројот на загинатите најверојатно ќе се зголеми.

Канди рече дека не верува дека пожарот е намерно предизвикан.

Британскиот таблоид „Сан“ денеска објави листа со 65 имиња на лица кои и понатаму се водат за исчезнати или се стравува дека загинале во пожарот.

На новинарско прашање дали бројот на жртвите би можел да биде повеќе од 100 лица, командантот на лондонската полиција соопштил дека „би сакал да се надева оти бројката нема да стане троцифрена“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...