fbpx

Трибина во Гирокастро: Македонците се пожалија за правата пред OБСЕ и пред албанските власти

-

Во јужниот албански град Гирокастро, се одржа трибина за положбата и за правата на малцинствата во Албанија, во организација на Народниот правобранител од земјата и на ОБСЕ. Говореа албанскиот праворанител, Игли Тотозани, и заменик-амбасадорот на ОБСЕ, Роберт Вилтон.

Учесници беа и претставници на Министерствoто за надворешни работи, за образование и за социјална заштита, како и Државниот комитет на малцинствата.

На трибината учествуваа преставници од македонското, грчкото, влашкото, бошњачкото, српско-црногорското, ромското и од египјанското малцинство.

– Говорев за положбата на македонското малцинство во Албанија, кое се признава официјално само во областа Мала Преспа, а не се признава во областите Голо Брдо, Гора, како и во другите населени места во Албанија. Потоа, за недостигот од учебници по македонски јазик во училиштата во Мала Преспа, кои Министерството за образование на Албанија треба да ги испечати. Укажав на неможноста за изучување на македонскиот јазик во образовниот процес во Голо Брдо и во другите населени места каде има интерес од самите Македонци – вели за „Мета“, Васил Стерјоски, генерален секретар на партијата на Македонците – Алијансата за европско интегрирање.

Стерјоски додава дека пред ОБСЕ и пред албанските власти ја истакнал потребата од донесување закон за малцинствата со кој ќе се регулира признавањето на македонското и на другите малцинства на целата територија на Албанија, од враќање на рубриката националност во регистрите од матичната евиденција, која Уставниот суд ја укина во 2011 година, за загарантирани места во албанскиот парламент за македонското и за другите малцинства, програми на јазиците на малцинствата на државната албанска телевизија, финансиска подршка на културата на малцинствата, застапеност на малцинсвата во институциите на локално и на централно ниво, потпишување билатерални договори помеѓу Албанија и земјите од регионот за заемно почитување на малцинства, за реорганизација на Државниот комитет на малцинствата и слично.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...