fbpx

Трибина: Политичкото влијание во ДИК причина за непрочистениот избирачки список

-

Преголемата моќ и големата улога на политичките партии во Државната изборна комисија е главниот проблем што избирачкиот список во Македонија се уште не е прочистен. Ова е ставот на дел од учесниците на денешната трибина, „Каков Избирачки список и попис и се потребни на Македонија“.

– Во Државната изборна комисија треба да учествуваат што поголем број на експерти, треба да биде на постручно ниво. Сега со влијанието на политичките партии се соочуваме со истиот проблем како и со пописот. Се додека политичките партии имаат големо влијание и поаѓаат од своите партиски интереси, нема да имаме резултати со прочистувањето на избирачкиот список – изјави Бојан Маричиќ од Меѓународниот центар за европско образавание.

Учесниците на дебатата, сметаат дека за прочистување на избирачки список потребна е активна регистрација на гласачите.

– Активната регистрација е процес кој треба подолго да трае. Тој процес треба да овозможи полесна проверка на документи кои се потребни. Со овој процес, треба да им биде олеснета проверката на граѓаните. За да се провери во списокот, институциите треба да се доближат до граѓаните. На пример некој не знае каде е ДИК, каде се лоцирани општинските изборни комисии и слично, треба поголема кампања – изјави Билјана Бејкова од „Инфоцентар“.

На трибината беше посочено дека Македонија по прочистувањето на избирачкиот список треба да спроведе попис на населението, статистичка операција која во последните 10 години ја нема извршено само Сомалија и нашата држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...