fbpx

Три македонски млекарници ќе извезуваат на рускиот пазар

-

Три македонски компании со своите вкупно четири производствени единици, ќе може да извезуваат млеко и млечни производи на целата територија на Евроазиската царинска унија, во која влегуваат Руската Федерација, Белорусија и Казахстан.

Отворањето на вратата за извоз на македонските компании на рускиот пазар се овозможи со одлуката на Руската федерална служба за контрола на квалитет на увоз на земјоделски, месни и млечни производи, да ги впише овие компании во регистарот за извоз.

– Во согласност со резултатите од контролата што на терен ја вршеа мешовити експертски тимови од Руската федерална служба и Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ, „Балканска млекара Скопје“, „Бучен Козјак“ и „Здравје Радово“ со производствените единици во Куманово и во Струмица, имаат дозвола за извоз. Делегацијата во текот на јули посети 15 македонски компании од млечната и од месната индустрија, за проверка на македонските производствени капацитети од овие две индустриски гранки. Другите 11 се во процедура на избор и имаат рок од 60 дена за поправање на евидентираните, во согласност со руското законодавство, забелешки и недостатоци, кои како извештај се предадени на Агенцијата за храна и ветеринарство – изјави извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев.

Отворањето на рускиот пазар ќе овозможи зголемување на бизнис-плановите на компаниите, што истовремено значи осовременување на производството, окрупнување на сточниот фонд, зголемена соработка со сточарите.

Според македонските компании што добија дозвола за извоз, доколку постигнат долгорочни договори со руски компании, ќе работат и на зголемување на сточниот фонд и на количеството млеко. Наскоро, според нив, се очекува и првиот извоз.

Критериуми кои треба да се задоволат за извоз се производите да имаат македонско потекло, гаранција за безбедност и за квалитет.

На рускиот пазар од кај нас може да се извезе тврдата програма на млечната индустрија, земјоделските производи и вино.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...