fbpx

„Три едукации и две наредби за отстранување на неусогласености“ по контролата на АХВ во школите

-

Иако државата преку Министерството за образование и наука, минатата година најавуваше дека ќе започнат засилени контроли од неколку институции на оброците што ги добиваат учениците во училишните мензи, засега нема ништо од тоа. По низата реакции на родители преку социјалните мрежи, дека во храната децата наоѓале парчиња пластика, остатоци од зеленчуков отпад, како и тоа дека немало крем во кифлите со крем, или пак, пецивата имале помала грамажа од пропишаната, поранешната министерка за образование и наука Рената Дескоска, најавуваше дека целиот процес ќе се надгледува интерресорски, преку неколку државни институции – Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за здравство, односно Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како и Државниот пазарен инспекторат.

Од почетокот на учебната година, контроли во училишните мензи спровеле само инспекторите од АХВ, кои констатирале ситни неправилности.

– Агенцијата за храна и ветеринарство не е надлежна за вршење на контрола на нормативите кои се пропишани за исхрана во училиштата за кои се надлежни локалните самоуправи, Министерството за образование и Пазарната инспекција. Инспекциските служби на Агенцијата ја контролираат безбедноста на производите, хигиенските услови при подготвувањето и послужувањето на храната во градинките и училиштата, како и здравствената состојба на лицата кои манипулираат со храната. Контроли се вршат и на објектите од каде се добавува храната, исклучиво од аспект на безбедност – информира Велика Атанасова од АХВ.

Таа додава дека во септември и октомври, инспекторите од Агенцијата спровеле 54 контроли во училиштата каде има организирана исхрана на деца, а со контролите констатирани биле „мали неусогласености“ со прописите кои се однесуваат на безбедноста на храната за што се изречени мерки „три едукации и две наредби за отстранување на неусогласености“ (неофарбани ѕидови во мензите, незаверени санитарни книшки).

Министерството за образование и наука годинава во мај усвои нов правилник за исхрана, во кој се пропишани стандардите за исхрана и за оброците во основните училишта. Засега од МОН нема најави дека ќе има интерресорски контроли на храната. Министерот Арбер Адеми не е достапен да информира дали се планира да се направи нешто во однос на овој дел.

Додека беше прв човек во МОН, Дескоска изјавуваше дека биснис-интересите на градоначалниците и добавувачите на храна, не смеат да бидат пред здравјето на децата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави...