fbpx

Трговската војна помеѓу САД и Кина се повеќе се заострува, Трамп воведува нови царини

-

Соединетите Американски Држави направија нов список на увозни кинески производи во вредност од 200 милијарди долари годишно на кој од септември би можела да биде воведена царина, изјави американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер.

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп го зголеми притисокот во трговската војна против Пекинг минатата недела и воведе данок на 34 милијарди долари увоз од Кина, во име на авторски права. Кина веднаш возврати со иста мера.

Лајтхајзер изјави дека даноците ќе покријат вкупно 50 милијарди долари увоз од Кина и тоа производи кои имале од бенефит од „присилен трансфер на технологија“, пракса за која американските власти ја обвинуваат Кина.

Реципрочните мерки од Кина предизвикаа нова закани од Вашингтон.

„Како последица на кинеските реципрочни мерки и нивната неспособност да го променат односот, претседателот му наложи да се почне процес со цел воведување на царина од десет отсто на дополнителни 200 милијарди долари“, рече Лајтхајзер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...