fbpx

Трето прскање против комарци во Скопје

-

Третото прскањето против ларви од комарци ќе се реализира в сабота и в понеделник, известуваат од Градот Скопје.
Авионската дезинсекција на подрачјето на градот, како што се посочува во соопштението на институцијата, ќе се реализира в сабота од 6 до 12 часот и ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и водени површини во градот Скопје и во неговата околина, како и текот на реката Вардар.

Терестричната дезинсекција, пак, ќе се изврши в понеделник од 9 до 17 часот и ќе бидат опфатени сите водени површини во градот Скопје (канали, езера во Градски парк, езеро Треска и по текот на реката Вардар).

Градот Скопје ги предупредува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...