fbpx

Трет ден возовите не сообраќаат поради штрајк на вработените

-

Патничките и товарните возови веќе трет ден не сообраќаат, бидејќи вработените на „Македонски железници – Инфраструктура“ бараат да им се исплатат заостанатите плати.

Од „Македонски железници – Транспорт“ информираа дека пред почетокот на викендот на вработените ќе им биде исплатен вториот дел од платата за декември 2016 година, а до крајот на месецов и платата за јануари 2017 година.

– Поради огромните проблеми со кои се соочи целокупниот железнички систем во минатата 2016 година, поради блокадите на железничката пруга кај нашиот јужен сосед, „Македонски железници – Транспорт“ АД Скопје претрпе директна загуба од 5 милиони евра. Доколку на таа сума се додадат и вратените долгови во износ од 15 милиони евра и исплатените заостанати четири и пол плати, на почетокот од оваа година претпријатието повторно се соочува со одредени финансиски предизвици – соопштија од „МЖ Транспорт“.

Оттаму додаваат дека неделава во соработка со Владата треба да се финализира решението за подолгорочно решавање на состојбите во железниците во Македонија.

Протестот на вработените е во организација на Независниот синдикат на МЖ, СЖМ – Инфраструктура и на АНС – Железничари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...