fbpx

„Транспаренси интернешнел“ бара оставка од Иванов и одложување на изборите

-

Глобалното движење за броба против корупција „Транспаренси интернешнел“ и неговиот разгранок во Македонија бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и одложување на изборите закажани за 5 јуни сè додека не биде прочистен избирачкиот список и не се ограничи широко распространетата корупција што ја парализира земјата.

Од „Транспаренси интернешнел“ и „Транспаренси интернешнел Македонија“ велат дека граѓаните на земјава излегуваат на улица на протест против „очигледниот потег на претседателот да ги амнестира поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски, и другите членови на Владата што се вмешани во таканаречениот скандал со прислушувањето“.

Според нив, снимените материјали што излегоа во јавноста покажуваат дека членовите на Владата на Груевски, наводно, биле вмешани во изборни измами, корупција и во прикривање на деталите за контроверзни смртни случаи.

„За повторно да завладее правото во Македонија и за да може да се одржат слободни и фер избори, ние сме цврсто уверени дека претседателот треба да даде оставка и дека изборите треба да се одложат сè додека не се потврди дека избирачкиот список е пречистен. Македонија се соочува со корупциска криза на високо ниво“, изјавил Хозе Угас, претседател на „Транспаренси интернешнел“.

Претседателката на „ТИ Македонија“, Слаѓана Тасева, вели дека тие што се виновни за корупција мора да одговараат за тоа.

„Ги поддржуваме луѓето што протестираат на улиците. На сите ни е преку глава од корупцијата во Македонија. Оние што се прогласени за виновни за корупција, мора да одговараат за тоа, наместо да бидат амнестирани уште пред да почне истрагата од страна на судовите“, вели Тасева.

Во соопштението на ТИ за актуелната состојба во земјава, стои дека „Транспаренси интернешнел“ ја дефинира корупцијата на високо ниво како злоупотреба на власта на високо ниво што носи корист за малкумина на штета на мнозинството и предизвикува сериозна и широко распространета штета за поединците и за општеството.

„Оваа дефиниција е применлива за она што се случува во Македонија. Без оглед на повиците од САД и од Европската Унија, претседателот сè уште не ги поништил одлуките за помилување“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...