!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Трамп во ноември на прва азиска турнеја, Северна Кореја во фокусот


       
Вашингтон, 16 октомври, 2017 - 20:27 (META) 

Американскиот претседател Доналд Трамп во ноември ќе престојува во прва официјална посета на Азија, соопшти денеска Белата куќа.

Трамп тогаш ќе се обрати во парламентот на Јужна Кореја, од каде ќе упати апел до меѓународната заедница да го засили притисокот кон Северна Кореја.

Северна Кореја ќе биде главна тема на разговорите на Трамп со властите во Азија. Тој прво ќе ја посети Јапонија, потоа на 7 ноември ќе го посети Сеул, на 11 ноември ќе престојува во Виетнам, а азиската турнеја ќе ја заврши во Манила.