Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се забранува влез на државјани од седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.
При потпишувањето на указот, Трамп изјавил дека неговата администрација сака поригорозен надзор над бегалците и над посетителите од одредени земји за да се спречи терористички напад.
Тој додаде дека САД сакаат да ги примат само тие луѓе што ја поддржуваат нивната земја и кои длабоко го почитуваат американскиот народ.