fbpx

Трамп почна кампања за лошото здравје на Хилари Клинтон

-

Здравствената состојба на кандидатката на Демократската партија на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, стана нова мета на кампањата на нејзиниот републикански соперник, Доналд Трамп, а многу членови на неговиот изборен тим посегнуваат и по теории на заговор кои дополнително ги подгреваат сомнежите.

Трамп во последните неколку дена на своите митинзи повеќепати повтори дека 68-годишната Клинтон „нема физичка и ментална способност“ да биде претседателка на САД, а на „Твитер“ осамна објава „Каде е Хилари? Таа спие“.

Многу членови од тимот на Трамп, исто така, со своите изјави ги подгреаја сомнежите дека кандидатката има здравствени проблеми, а и Рудолф Џулијани, некогашниот градоначалник на Њујорк, вчера за телевизиската мрежа „Фокс њуз“ рече дека „Клинтон е уморна и изгледа болно“.

– Во медиумите се гледа дека Хилари покажува знаци на болести. Доволно е само внимателно да ја следат и да ја снимаат, а потоа да ги погледнат снимките – рече Џулијани.

Тој, исто така, на „Твитер“ објави фотографии на кои Клинтон е бледа и има подочници, како и фотомонтажа која прикажува како на необичен начин ја затресува главата.

Личната лекарка на Хилари Клинтон, Лиза Бардак, рече дека поранешната државна секретарка е „во одлична физичка состојба и е подготвена да стане претседателка на САД“ и оти потресот на мозокот, кој го имала во 2012 година, не оставил последици.

https://twitter.com/RealRickyVaughn/status/763822614615916544

Противниците на Клинтон ѝ припишаа и Паркинсова болест, епилепсија и неуролошки проблеми, поврзувајќи ги со потресот на мозок, а веб-страницата „Брејбарт“, чиј сопственик е новиот директор на кампањата на Трамп, Стив Банон, објави дека „здравјето на Хилари Клинтон наскоро ќе стане главна тема на претседателската кампања“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...