fbpx

Трамп му честиташе на Ердоган за резултатот на референдумот

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа му ја честиташе на својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, победата на референдумот за уставните измени во земјата, со кои во голема мера се зголемуваат овластувањата на турскиот претседател, пренесува „Би-би-си“.

Трамп, како што пренесуваат агенциите, телефонски му го честитал успехот на Ердоган на референдумот, на кој 51,4 отсто од граѓаните ги поддржаa уставните измени во Турција.

Честитиките на Трамп кон Ердоган се во спротивност со загриженоста меѓу европските лидери околу исходот на референдумот.

Инаку, Централната изборна комисија на Турција во неделата вечерта потврди дека граѓаните на референдумот гласале за уставните промени со кои на претседателот Реџеп Таип Ердоган му се даваат широки овластувања.

Врз основа на 98,95 отсто од пребројаните гласови, 51,34 отсто од граѓаните на Турција гласале за уставните промени, односно за воведување претседателски систем, додека 48,66 отсто Турци гласале против. Конечните резултати треба да бидат објавени во рок од 11 до 12 дена.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека референдумот во Турција се одржал во нефер услови и дека двете страни во кампањата немале еднакви можности.

Ердоган ги отфрли ваквите обвинувања, порачувајќи им на меѓународните набљудувачи дека „треба да си го знаат своето место“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...