fbpx

Трамп ја прифати поканата да се сретне со Ким Јонг-ун

-

Севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун и американскиот претседател, Доналд Трамп ќе се сретнат лично во мај откако Трамп ја прифати поканата за средба но напомена дека санкциите за Северна Кореја ќе останат.

Чунг Еуи-Јонг, специјалниот советник за национална безбедност на претседателот на Јужна Кореја, кој пред неколку дена имаше средба со Ким во Пјонгјанг, на Белата куќа ѝ ја пренесол пораката на Ким дека Северна Кореја е посветена на денуклеаризација и дека ќе ги замрзне нуклеарните тестирања.

-Доколку Трамп и Ким се сретнат по меѓукорејскиот самит, целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров ќе може да почне да се остварува – изјави претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-Ин.

Трамп на „Твитер“ го опиша развојот на настаните како голем напредок, додавајќи дека санкциите кон Северна Кореја ќе останат на сила додека не се постигне цврст договор.

Досега ниту еден американски претседател се нема сретнато со лидер на Северна Кореја, а односите меѓу двете земји со години се толку лоши, што немаат ни дипломатски претставништва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...