fbpx

Трамп ја предупреди Северна Кореја да не ги тестира САД

-

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска упати остро предупредување до Северна Кореја да не ги „потценува и тестира“ Соединетите Американски Држави.

Во говорот пред јужнокорејските пратеници, неколку часа откако ја откажа посетата на демилитиризираната зона поради лошото време, Трамп рече дека има порака за севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

– Оружјето што го набавуваш не те прави побезбеден, тоа го доведува твојот режим во сериозна опасност. Светот не може да ги толерира заканите на отпадничкиот режим на нуклеарно уништување – рече Трамп и ги повика сите држави да се обединат во изолацијата на бруталниот севернокорејски режим.

Трамп требаше утринава да ја даде пораката при посета на демилитаризитраната зона, но посетата беше откажана затоа што хеликоптерот не можел да слета на границата меѓу Северна и Јужна Кореја.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс, рече дека претседателот е разочаран затоа што не ја посетил границата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...