fbpx

Трамп им порача на вработените во ЦИА дека „илјада отсто“ стои зад нив

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го посети седиштето на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во Ленгли, Вирџинија, при што истакна дека целосно ја поддржува агенцијата и им порача на вработените дека е „со нив илјада отсто“.

Според светските медиумите, обраќањето на Трамп во седиштето на ЦИА, на првиот ден по преземањето на должноста претседател, се толкува како негов обид да ги отстрани оградите кои беа подгигнати откако јавно ги отфрли наводите на разузнавачката агенција дека Русија се обидела да му помогне да ги добие изборите.

Тој жестоко ја критикуваше ЦИА и по написите во медиумите минатата недела во врска со непотврденото разузнавачко досие според кое Кремљ поседува компромитирачки материјал за Трамп од неговата посета на Москва.

Трамп тогаш ги обвини разузнавачките служби дека дозволиле да протечат „лажните вести“.

Сепак, за време на вчерашната посета, тој на вработените во ЦИА им рече дека се посебни и прекрасни луѓе и дека стои зад нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...