This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Sep 23 20:55:35 2018 / +0000 GMT

Трамп и Путин телефонски разговарале за судирот помеѓу Израел и Палестина




Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска телефонски разговарале за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестина.

- Само што разговарав со претседателот на САД, господинот Трамп. Секако, зборувавме за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестина - изјави Путин пред средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој е во посета на Москва.

Путин потенцираше дека односите помеѓу Израел и Палестинците се далеку од тоа што посакува Русија.

„Трамп му изјави и сочувство на Путин поради падот на рускиот патнички авион, при што загинаа 71 човек“, соопшти Кремљ.

Post date: 2018-02-12 20:41:16
Post date GMT: 2018-02-12 19:41:16
Post modified date: 2018-02-12 20:41:16
Post modified date GMT: 2018-02-12 19:41:16

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com